Прескокни до содржина
  • Апликации на
  • почетен екран
    • ПовикувањеРазмена на поракиГрупиСтатусКаналиMeta AIБезбедност
  • Приватност
  • Центар за помош
  • Блог
  • За бизнис
Преземи
Услови и политика за приватност2026 © WhatsApp LLC
Главна страница на WhatsAppГлавна страница на WhatsApp
    • Повикување

      Остани во контакт со глас и видео.

    • Размена на пораки

      Зборувај со налепници, гласовни пораки, GIF-слики и друго.

    • Групи

      Функции за размена на пораки што ти се потребни за да се поврзуваш во групи.

    • Канали

      Биди во тек со темите што ти се важни.

    • Meta AI

      Добивај помош за што било, сето тоа со безбедноста и приватноста на WhatsApp.

    • Статус

      Споделувај го твоето секојдневие со фотографии, видеа и гласовни белешки.

    • Безбедност

      Слоеви на заштита што ќе ти помогнат да ја зачуваш безбедноста.

  • Приватност
  • Центар за помош
  • Блог
  • За бизнис
  • Апликации
Најави сеПреземи

Поврзи се на твојот начин

На WhatsApp, разговорите може да бидат експресивни, забавни и целосно твои. Размената на пораки на кој било уред е заштитена со целосно шифрирање, така што може слободно да зборуваш и да знаеш дека твоите лични пораки ќе останат приватни и безбедни.

Преземи

Организирај ги пораките

Организирај ги твоите разговори, форматирај ги и преведи ги.

  • Филтри за Сандачето за пораки

    Организирај се и најди ги најважните разговори со филтри за Сите, Непрочитани и Групни разговори.

    Дознај повеќе
  • Означени пораки

    Остани со 3 означени пораки најгоре во разговорот за лесен пристап до она што ти е најважно.

    Дознај повеќе
  • Форматирање пораки

    Форматирај го текстот во твоите пораки за полесна читливост - закосен текст, задебелен текст, точки и друго.

    Дознај повеќе
  • Преводи на пораки

    Преведувај ги пораките што си ги испратил/-а или примил/-а во разговори еден на еден или групни разговори, директно во твојот разговор на WhatsApp.

    Дознај повеќе

Изрази се во твоите разговори

Кога ти треба повеќе од само зборови, потпри се на разновидните функции на WhatsApp за да се изразиш - налепници, GIF-анимации, реакции, видео и гласовни белешки и многу повеќе.

  • Налепници и GIF

    Долови ја својата креативност со налепници, аватари и GIF што може да се пребаруваат и приспособат.

    Преземи
  • Реакции

    Користи емоџија за да реагираш на пораките и да ги споделиш твоите мисли лесно и веднаш.

    Преземи
  • Видеобелешки

    Долови го чувството на моментот со моментално снимање и споделување видеопораки до една минута во разговорот.

    Преземи
  • Гласовни белешки

    Раскажи ја целата приказна, дури и кога е предолга за пишување. Користи транскрипти ако претпочиташ да ги читаш добиените гласовни белешки или забрзувај ги со 1,5 или 2 пати за побрзо да ги слушнеш.

    Преземи

Ти треба повеќе помош?

Види ги сите ЧПП
Види ги сите ЧПП
  • Списоците се приспособливи филтри кои може да ти помогнат да ги одржиш твоите разговори организирани. Имаш четири стандардни списоци:

    • Сите: Стандардниот приказ на сите твои пораки.
    • Непрочитани: Разговори со пораки кои си ги означил/-а како непрочитани или сѐ уште не си ги отворил/-а.
    • Омилени: Разговори од твоите омилени контакти.
    • Групи: Сите твои групни разговори на едно место.
    Дознај повеќе
  • Може да закачиш до три пораки на почетокот на разговорот така што ќе притиснеш и задржиш на таа порака и ќе избереш „означи“. Откако ќе се закачи, пораката останува најгоре во разговорот како банер 24 часа, 7 дена или 30 дена. Допри го банерот на закачената порака за да ја отвориш пораката во разговорот.

    Дознај повеќе
  • WhatsApp ти овозможува да форматираш текст во твоите пораки, со опции за форматирање, како што се задебелување, закосување и многу повеќе.

    Дознај повеќе
  • Може да ги преведеш пораките што си ги испратил/-а или примил/-а во твоите разговори на достапните јазици. Локации, документи, контакти, налепници и GIF не може да се преведуваат. Ќе ти треба силен сигнал на Wi-Fi или мобилен интернет и доволно простор за складирање за да преведуваш.

    Дознај повеќе
  • Отвори индивидуален или групен разговор. За да направиш фотографија или видео, допри ја камерата (камера). За да прикачиш постојна фотографија или видео, притисни и задржи „Прикачи“ (спојувалка за хартија), а потоа избери фотографии или видеа за споделување.

    Дознај повеќе
  • Може да испраќаш големи датотеки, без компресија, бесплатно на WhatsApp. За документи, максималната дозволена големина на датотека е 2 GB.

    Дознај повеќе
  • Видеобелешките на WhatsApp ти овозможуваат брзо и директно да снимаш и споделуваш видеобелешки во разговорот кои се до 60 секунди долги. Видобелешките не може да се преземат од примачот.

    Дознај повеќе
  • Гласовните пораки на WhatsApp ти овозможуваат брза комуникација со контактите и групите. Може да ги користиш за испорака на важни и временски чувствителни информации.

    Дознај повеќе
  • До налепниците може да пристапуваш во индивидуалните и во групните разговори. За да прегледуваш и да користиш налепници, отвори разговор, а потоа допри ја иконата „Налепници“. Налепницата ќе се испрати штом ќе ја допреш. Предложените пакети со налепници од Продавницата за налепници на WhatsApp се прикажани под преземените пакети. Може да допреш која било од овие налепници за да ги испратиш или допри „Додај пакет со налепници“ за да го видиш целиот пакет.

    Дознај повеќе
  • Со емоџија може да реагираш на пораки во индивидуалните и групните разговори. Може да ги видиш сите реакции на порака со допирање на емоџито под пораката. За да реагираш на порака, допри ја и задржи ја пораката, а потоа допри некое емоџи.

    Дознај повеќе
  • WhatsApp автоматски ги зачувува сите аудиосодржини, видеосодржини и фотографии испратени на твојот телефон. Опцијата за видливост на медиумските содржини е стандардно вклучена. За да го спречиш WhatsApp автоматски да зачувува медиумски содржини во локалната меморија на твојот уред, може да допреш „Повеќе опции (три вертикални точки) > Поставки > Разговори“.

    Дознај повеќе
  • За да се осигуриш дека WhatsApp функционира соодветно, провери дали телефонот има слободен простор за складирање. Може да го ослободиш просторот за складирање со бришење на складираната мултимедијална содржин�� или разговори или со ослободување на просторот за складирање на твојот телефон надвор од WhatsApp.

    Дознај повеќе
Преземи
Главно лого на WhatsApp
Главно лого на WhatsApp
Преземи

Што правиме

ФункцииБлогБезбедностЗа бизнис

Кои сме ние

За насКариериЦентар за брендовиПриватност

Користи ја WhatsApp

AndroidiPhoneMac/PCWhatsApp Web

Ти треба помош?

Контактирај со насЦентар за помошАпликацииСоветници за безбедност
Преземи

2026 © WhatsApp LLC

Услови и Политика за приватностМапа на страницата